Skip to main content

„Дианита“, фирма поврзана со Крмзов на прво место на должници кон УЈП

Фирмата „Дианита“ од Струмица поврзана со бизнизменот Крмов е на првото место со долг од 881.831.580 денари само за ДДВ, или 14,45 милиони евра, објави „Фактор.мк“

Преку оваа фирма лани биле свртени 182 милиони евра, односно за 210 отсто повеќе приходи отколку за една година претходно, а при тоа била прикажана загуба од нешто повеќе од 700.000 евра. Сопственик е извесен струмичанец Драги Механџиски, а компанијата располага со три складови за трговија на големо со текстил, од кои два во Кисела Вода и еден во Струмица. 

Повеќе на „Фактор.мк

Поврзани вести