Skip to main content

Акциска контрола на СВР Скопје – приведени 11 лица, меѓу нив и шест малолетници

Во координирана акциска контрола на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат спроведена овој викенд на подрачјето на Центар биле контролирани 12 угостителски објекти. Притоа, приведени се вкупно 11 лица, од кои шест се малолетници, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Во рамки на контролата која била спроведена на 19 и 20 јули 2025 година во периодот од 19:00 до 02:30 часот, евидентирани се и прекршувања според Законот за лична карта, Законот за безбедност на сообраќајот, Законот за возила и Законот за оружје. Извршени се 26 проверки на идентитет, 23 прегледи на лица и 11 прегледи на патнички моторни возила, а седум возила биле подигнати со „Пајак“.

Од МВР дополнуваат дека и од страна на Единицата за недозволена трговија биле преземени оперативни активности така што две лица биле приведени заради утврдување на идентитет, 22 лица биле легитимирани, а исто така извршен е преглед кај 19 лица и осум патнички моторни возила. 

Поврзани вести