
САД испраќаат уште 6.000 војници на Блискиот Исток за можен напад врз Иран, објави „Вашингтон пост“. Според изданието, се разгледува можноста за нови напади или дури и копнени операции доколку прекинот на огнот и преговорите не успеат.
Како што пишува весникот, околу 6.000 војници се испратени во регионот на носачот на авиони „УСС Џорџ Буш“ и неколку придружни воени бродови.

Во моментов, според Пентагон, приближно 50.000 американски војници учествуваат во операции против Иран.
Во исто време, Иран предупреди дека доколку САД продолжат со поморската блокада, нема да дозволат трговијата да продолжи во Црвеното Море и Оманскиот Залив,
Во случај на продолжување на поморската блокада од страна на САД, иранските вооружени сили целосно ќе го запрат целиот извоз и увоз во Персискиот Залив, Оманското Море и Црвеното Море. Логиката е едноставна: ако нашите пристаништа не функционираат, тогаш ниту едно пристаниште во регионот нема да функционира“, соопштија од иранското министерство за одбрана.
Монархиите во Заливот се сериозно загрижени по овие закани. Со други зборови, Иранците не само што ќе го затворат Ормутскиот Теснец, тукуќе биде спречен и претоварот на нафта преку Црвеното Море.

Македонски


