
Сексoт на плажа за некого звучи непријатно – песок насекаде, нерамна површина, ветар што го расипува моментот. Но, според астрологијата, има три хороскопски знаци кои го доживуваат тоа како врвно задоволство и авантура што вреди да се искуси.
Први на листата се Скорпиите. Познати по својата страст, интензитет и желба за адреналин, тие ја обожаваат идејата за секс во природа. За нив, токму необичната локација како што е песочна плажа го прави чинот уште поинтензивен.
Следат Биковите кои уживаат во телесни задоволства и допирот на природата. За нив, телото е храм, а секое ново искуство вреди да се доживее ако буди страст и уживање. Ни малку не им пречи песокот – напротив, тоа го прави искуството пореално.
На крај, тука се Лавовите, кои сакаат драма, егзотика и сензуалност. Секс на плажа, под ѕвездите или на зајдисонце, за нив е како сцена од филм каде тие се главни актери. Тие сакаат приказна и спомени кои се паметат цел живот.
Иако за повеќето сексот на песок е нешто што повеќе звучи романтично отколку што е практично, овие три знаци го живеат моментот и целосно му се препуштаат.