Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ измислува теории на заговор – реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се фатени во скандали, криминали или кога ќе доживеат дебакл на меѓународна сцена измислуваат „теории на заговор“ за дефокус од нивната неспособност, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Миле Лефков.

Жолтите комбиња од времето на Груевски се вратија!

ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за криминалот, за неспособноста, за разочарувањата што им ги приредија на граѓаните, за неисполнетите ветувања. Затоа е оваа параноја и измислени фантазии.

Тоа што овој пат го обрале токму Миле Лефков, кој наместо да се сокрие по сите негови глупости, кажува се.

Единствени кои веќе нанесоа штета и веќе одработија против македонските интереси се ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски.

Затоа, после дебаклот во Европскиот парламент и блокадата на европскиот пат, секоја прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ станува театар на апсурдот- велат од СДСМ.

Според нив, време е ВМРО-ДПМНЕ да се спушти на земја.

Македонија не е филм, туку држава со напатени граѓани со реални проблеми кои бараат реални решенија.

Граѓаните не се наивни, жолтите комбиња можеби се вратија, ама граѓаните доверба во вакви будалаштини – никогаш нема да имаат – велат од СДСМ.

Поврзани вести