
Тело на починато лице беше пронајдено од страна на струмичките пожарникари кои вчера интервнерираа на пожар во стан на четврти кат во зграда на улица „Б.Ј. Мучето“ во Струмица.
Противпожарната единица од Струмица во 15:27 часот интервенираше со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители, кои успешно го изгаснаа пожарот. Сите други станови во зградата беа заштитени од огнот, а останатите станари беа безбедно евакуирани. Причините за настанување на пожарот и смртта на лицето ќе бидат утврдени од надлежните институции, велат пожарникарите.