
СДС и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните, се вели денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
За време на СДС и ДУИ само што не настана огромен безбедносен проблем, откако контролорите за летање беа тепани од активисти на ДУИ.
СДС и ДУИ скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДС и ДУИ како на пример роднините на министерот Љупчо Николовски, беа менувани и членови на комисијата за прием на работа во МНАВ.
Дел од партиските вработувања на СДС и ДУИ се: Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри; Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески, роднина на екс-министерот Горан Сугарески.
Партиски вработувања на СДС и ДУИ и нивни блиски роднини се: за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска. Таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, вработена е и братучетка на екс-министерката Јагода Шахпаска од СДС.
Со СДС и ДУИ, М-НАВ беше претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам. Исто така Бујар Османи си ја вработи сестрата Артан Груби- снаата; Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син; Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – внук.
СДС и ДУИ се синоним за непотизам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.