
Синоќа, населбата Козле беше домаќин на една од највпечатливите средби во рамки на иницијативата „Се гледаме низ Карпош“. Стотици граѓани се приклучија на неформалното дружење со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош, за да споделат свои идеи, предлози и грижи поврзани со иднината на нивната заедница.
Во пријатна атмосфера и со многу срдечни разговори, Лукровски уште еднаш ја потврди својата заложба дека политиката треба да започнува со слушање.

Жителите отворено говореа за секојдневните предизвици – недостиг од паркинг-простор, потреба од уредување на јавните површини, санација на застарената инфраструктура и подобрување на сообраќајната безбедност.
Козле беше истакнато како населба со длабоки корени, силен заеднички дух и вредни луѓе кои сакаат вистински промени.

Средбата помина со многу насмевки, фотографирања, сплотеност и чувство дека заедно се отвора патот кон нов, поправеден и поурбан Карпош