Skip to main content

Министерството за здравство иницира постаптка за утврдување на дисциплинска одговорност за лекарката во Битола осомничена за примање поткуп

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури, се вели во реакцијата на Министерството за здравство.

Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем. Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност, се вели во соопштението на МЗ.

Очна лекарка вработена во Клиничката болнца во Битола е уапсена поради сомнение дека примила мито. Таа се товари дека сторила кривично дело Примање поткуп казниво по чл.357 од Кривичниот законик. Од полиција велат дека се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување кривична пријава.

Поврзани вести