Skip to main content

Премиера на документарниот филм „Хармонија помеѓу човекот и природата“ посветен на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански извори

„Хармонија помеѓу човекот и природата“ е насловен документарниот филм посветен на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански извори, што премиерно ќе биде изведен на 4 авгсут во амфитеатарот во Вевчани.

Филмот, како што информира Еко свест Вевчани, раскажува инспиративна приказна за соживотот на локалната заедница со природата, низ лични сведоштва, прекрасни пејсажи и научни увиди.

Во документатниот филм учествуваат академик Владо Матевски, Томе Алулоски, Тошо Чочороски, Тихомир Мурџески и Васил Радиноски. Режијата е на Сашо Алушевски, а камера и монтажа Кети Талевска Бакревска.

Поврзани вести