
Денес, со голема гордост се обратив пред највисоките претставници на Владата, бизнис заедницата, меѓународните партнери и медиумите, каде ги презентиравме резултатите од една година темелна работа, реформи и решителност во Царинската управа на Република Македонија, напиша на својот фејсбук профил, директорот на Царинската управа Бобан Николовски.
Водени од визијата на премиерот Христијан Мицкоски за силна економска трансформација и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, ја изградивме Стратегијата што денес дава мерливи резултати:
Сузбивме над 500 случаи на криминални активности, запленивме огромни количини дрога, злато, цигари и фалсификувана стока.
Поднесовме 181 кривична пријава против 406 сторители – повеќе од 4,5 пати зголемување во однос годината претходно.
Обезбедивме најсовремен видео надзор, интензивно работевме на нов унапреден систем за анализа на ризик, како и на нов проект за развој на систем за контрола и истраги со поддршка од ЕУ, Кореја и Светска банка.
Наплативме над 2 милијарди евра приходи – 105 милиони евра повеќе од годината претходно во Буџетот
Изготвивме нов Царински закон, усогласен со ЕУ, и работиме на модернизација на премините што ќе ја приближат Македонија кон регионот и единствениот пазар на ЕУ
Во знак на благодарност за особените заложби и континуираната поддршка, на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, му доделивме Плакета со повелба.
Упатив искрена благодарност до министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска за безрезервната поддршка која ни ја дава Министерството за финансии.
Царината е многу повеќе од приходна институција – таа е чувар на економската стабилност, здравјето на граѓаните и правдата. Ова е само почетокот. И само заедно можеме уште повеќе.
Продолжуваме посветено – за држава што функционира и за иднина што ја заслужуваме.