
Комесарот за човекови права на Советот на Европа (СЕ), Мајкл О’Флаерти, ги нарече алармантни извештаите за тортура и смртни случаи за време на мобилизацијата во Украина.
О’Флаерти, е загрижен за извештаите за тортура и смртни случаи при извршувањето на присилната мобилизација во Украина, а неговата загриженост е наведена во меморандум објавен на веб-страницата на СЕ.
Тој ги повика украинските власти да ги истражат овие инциденти и да воспостават механизам за спречување на кршења на човековите права.
Комесарот препорача да се испрати јасна порака до сите вработени во Територијалните центри за регрутирање (ТРЦ) за недозволивоста на вршење тортура или друг суров третман на луѓето што присилно се мобилизираат и се испраќаат на фронтот.