Skip to main content
krb3rEVE1WM

Стојаноска: Реконструкција на Тетовската болница, 15 милиони евра за локални проекти од Владата – времето на Тетово доаѓа

Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, при посета на Тетово порача дека на средба со тетовчани ги примила позитивните реакции и задоволствата на тетовчани, заради тоа што веќе не е Тетово како до сега.

Поради тоа што интензивно се работи на автопатот од Тетово – Гостивар, поради тоа што се покачија пензиите за 5.000 денари, поради тоа што се покачија платите во образование, администрација, здравство и полиција.

Тетовчани се задоволни и од издвоените речиси 15 милиони евра од вкупно издвоените 250 милиони евра од Владата за локални проекти и задоволни се од ветувањето дека со стратешкиот договор со Обединететото Кралство ќе се реализира и долго очекуваната реконструкција на Клиничката болница во Тетово.

Времето на Тетово доаѓа! Времето на Македонија доаѓа!, истакна Стојаноска

Поврзани вести