Skip to main content

Мексико ја осуди одлуката на Трамп за воведување царини од 30 отсто

jorge-aguilar-on-unsplash

Мексиканското Министерство за надворешни работи и Министерството за економија ја осудија одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да воведе царини од 30 отсто на увозот на мексиканска стока од 1 август.

Мексиканските министерства соопштија дека одржале заеднички состанок, додавајќи дека „преговорите за заштита на претпријатијата и работните места продолжуваат“, пренесува порталот Инфобае.

Како дел од сеопфатна промена во трговската политика на САД, повеќе земји добија писмо потпишано од американскиот претседател, со кое се воведуваат нови тарифи кои стапуваат во сила на 1 август. На состанокот споменавме дека тоа е неправеден третман и дека не се согласуваме со одлуката на Трамп“, се наведува во заедничкото соопштение.

Според Трамп, официјален Вашингтон воведува царини на Мексико за да ги присили мексиканските власти да соработуваат во запирањето на шверцот со дрога од земјата во САД, а аамериканската администрација наведе дека, иако Мексико соработувал, „тоа не било доволно“.

Поврзани вести