Skip to main content

Швјонтек: Никогаш не очекував дека ќе го освојам Вимблдон

Facebook / Iga Świątek

Полската тенисерка Ига Швјонтек на убедлив начин во финалето на Вимблдон, без загубен гем ја совлада Американката Аманда Анисимова со 2:0 во сетови.

Во официјалното обраќање на Централниот терен, Швјонтек изјави:

Никогаш не очекував дека ќе го освојам Вимблдон. Секогаш претходно се чувстував нервозно кога минува покрај Централниот терен, но оваа година уживав и се чувстував комотно на теренот. Искрено уште не знам, како да не е реално.

Во своите последни зборови таа посака сите да уживаат во утрешното машко финале меѓу Синер и Алкараз.  

Поврзани вести