
Армијата на Република Македонија информираше дека лицето во кое беше пукано денеска во Батинци и им подлегнало на повредите, бил припадник на АРМ.
Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот. За време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден. На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција, стои во објавата на АРМ.