Сквернавење: Во еден ден оштетени 29 споменици и надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Хроника 11.07.2025 Во СВР Скопје, вработен во АД „Бутел“ вчера пријавил дека на 09./10.07.2025 на градски гробишта-Ѓорче Петров биле оштетени 29 споменици и надгробни плочи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од скопската полиција.