Skip to main content

Борисов ликува: Кога Бугарија е обединета можеме да постигнеме резултати

„Кога Бугарија е обединета, можеме да постигнеме резултати“, напиша претседателот на ГЕРБ и екс-премиер Бојко Борисов на Фејсбук откако се усвои годишниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, но, без термините македонски јазик и идентитет.

Порачува дека „тоа е јасен знак дека кога Бугарија е обединета – кога сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно, можеме да постигнеме резултати и да го браниме националниот интерес на највисоко ниво во Европа“.

Повторно им подавам рака на нашите пријатели во Македонија – да продолжиме напред заедно, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. И европскиот консензус од 2022 година. Во мое лице и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер“, напиша лидерот на ГЕРБ.

Поврзани вести