Skip to main content

Руте „открива“ план за воена соработка меѓу Русија и Кина во случај Пекинг да го нападне Тајван

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, опиша како, според него, би можел да изгледа планот за воена соработка меѓу Русија и Кина во случај кинескиот претседател Си Џинпинг да одлучи да „нападне Тајван“.

Доколку Си Џинпинг одлучи да го нападне Тајван, првото нешто што ќе го направи е да го повика Путин во Москва и да му каже: „Се подготвувам да го направам тоа и ми треба да го одвлечеш вниманието на Европа со напаѓање на територијата на НАТО“, вели Руте во интервју за „Њујорк тајмс“.

Според него, за да се спречи такво сценарио, потребно е да се зајакне НАТО, но истовремено да се работи во индо-пацифичкиот правец. Руте, исто така, истакна дека алијансата има планови за реакција во случај на наводен можен руски напад врз Естонија.

Нантаквите изјави на Руте, дојде одговор од Дмитриј Медведев.

Генералниот секретар Руте очигледно изел премногу од халуциногените печурки што Холанѓаните толку многу ги сакаат. Тој гледа заговор меѓу Кина и Русија околу Тајван, а потоа и руски напад врз Европа. Сепак, тој е во право за едно: треба да научи руски. Може да му биде од корист во сибирски логор“, изјави Медведев.

Поврзани вести