Skip to main content

Мицкоски: Секоја држава мора да го постави својот модел на развој, а најсилни ќе бидат оние што ќе изградат силни локални заедници

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Меѓународната конференција за регионален развој која се одржа во Општина Гевгелија и имаше свое обраќање.

Со особена чест и цувство на одговорност денес се обраќам на конференција што ја отвора суштината на едно големо прашање: Како да ја обликуваме иднината во време кога се се менува од кога било? Живееме во свет што станува се подинамичен, понекогаш непредвидлив, исполнет со глобални предизвици, но и со големи можности. Во таков свет секоја држава мора да го постави својот модел на развој, а најсилни ќе бидат оние што ќе изградат силни локални заедници – рече Мицкоски.

Тој поденцира дека иднината не започнува глобално и централно, дека иднината започнува локално, заполнува со изградена улица во едно село, со нова водоводна мрежа, со реновирано училиште во рурална општина, со локална економија што добива ветер во грб.

Тоа се телемите на стабилна и успешна држава – додаде Мицкоски.

Како Влада уште од првиот ден си поставивме една јасна цел, да ја вретиме државата во служба на граѓаните, но и во служба на локлниот развој, додаде Мицкоски.

Поврзани вести