
Во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“, вечерва, 08.07.2025г. (вторник), со почеток во 20:30ч. во Театар Комедија ќе се одигра танцова претстава „АЈДЕ!“.Кореографија: Игор Киров и Бојан Мицев
Драматург: Ана Ристоска Трпеноска
Светло мајстор: Милчо Александров
Танчери: Јована Зајкова, Лука Ѓорѓиевски, Илијана Данилов, Нина Петрушевска, Андреј Димоски, Бојана Арсовска
Музика: колаж
Фотографија: Ања Калин
Видео: Мартин Михајлов / Марсбен ПродукцијаПродукција: Motion Network Штип
Ко-продукција: НУЦК „Ацо Шопов” Штип
Во соработка со ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”
Краток опис за претставата:Танцовата претстава „АЈДЕ! “ нè води низ богатата музичка култура на ромската заедница. На најзначајниот ден во годината, Едерлези или Ѓурѓовден — денот на радоста, кога се слави будењето на природата, почетокот на новиот живот, пријателството и заедништвото, се раѓа една нова љубов. „АЈДЕ!” преку препознатлив ритам и музика, со танц, раскажува за неостварена љубов во доминантно патријархална средина и ја оживува ромската музика и фолклор на сцената. Претставата има за цел да ја подигне свеста за вредноста на животот, личната слобода и општествените норми во современиот контекст.