Skip to main content
xzapthtKgRM

Синот на Јоце Панов главен лик во спотот за „Ајмо на море“

Откако го прослави својот јубилеј по повод 25 години активно присуство на музичката сцена со гламурозен концерт во Македонската Филхармонија, Јоце Панов, сними нова песна “Ајмо на море” во соработка со Бане Опачиќ кој стои зад музиката и текстот, додека аранжманот е на Алек Алексов.

На изненадување на публиката главен лик во спотот е неговиот петгодишен син Лука, кој очигледно не само што талентот за музика го наследил од Јоце, очигледно одлично се снаоѓа и во глумата.
Букет со цвеќе, манири на кавалер и фраер од мали нозе е она што го покажа Лука заедно со Елена Вукановска, македонската ориентална танчерка со меѓународна кариера.

Спотот е реализиран од видео продукцијата General Film Studio – Dario Jankovic General, во режија на Ана Марија Јанковиќ.

Поврзани вести