
СДС е во голема кадровска криза. Никој не им се нафаќа да изгуби, па на локалните избори одат со кадри кои веќе еднаш загубија на избори, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
СДС со тоа ги потценува гласачите. Таков е примерот со Општината Јегуновце каде веќе еднаш има пораз на изборите, Дарко Блажевски, и сега повторно го кандидираат за избори. Филипче неуспешно ги рециклира кадрите на Заев. Очигледно е дека според ова пораката која што СДС ја испраќа воопшто не им е грижа за граѓаните, туку Филипче само го исполнува интересот на Заев. Веќе еднаш поразениот градоначалник, Дарко Блажевски, не само што не направи ништо за општината туку културниот дом во Јегуновце кој го ветуваше од 50 илјади евра, на крај преку приватизација го презеде во своја сопственост. Човекот си откупи културен дом додека управува со општината. Тој е единствениот човек кој има затворено Јавно претпријатие, и токму тој е номиниран од страна на СДС. Истиот Блажевски, вети канализација во населеното мето Јанчиште, вети вода за жителите во Жилче, и ништо не реализира, за да овие проекти ги исполни градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ кој го наследи неговото управување со општината. Вакви се кандидатите на СДС. Ниту имаат нови кандидати, ниту се реформирани, а веќе и немаат други на кои би можеле да сметаат, бидејќи народот јасно покажа дека сака вистински промени, кои СДС не може да ги понуди. Народот веќе не е на нивна страна и не дозволува да биде изманипулиран, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства, Во СДС ништо ново, и по Заев, Заев, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.