Skip to main content

Уапсен возачот кој вчера удри во пешак во Центар

архива

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(48) од Скопје, удрило во пешакот К.К.(65) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а П.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести