
Брат ми ( сестра ми).
Затоа е толку длабоко!
Заканите и пораките што фигуративно, преку симболика, ни ги испраќаш лично ти, црно мало пилче – кос, и во име на сите наши непријатели дека сме “МАНЏА“ и наскоро ќе нé изедете се залудни и неостварливи.
Ние МАКЕДОНЦИТЕ сме многу вкусна МАНЏА ќе се прејадете и ќе ПУКНЕТЕ.
Првата песничка во забавиште што ја научив на 6 години, поточно дамнешната 1956 година беше една многу лесна детска песна, но брзо ја заборавив.
Ни на крај памет не ми паѓаше дека сега, после 70 години, ќе стане актуелна, деновиве многу спомнувана и преработена, во сосема друг аранжман.
Најинтересно е, од сé што полни 70 години ниту еднаш буквално, немало реприза на таа едноставна детска песничка, по мое сеќавање, та сега одеднаш се присетам на едноставните зборови, од тогашниот творечки детски жаргон, а сега со толку јасни пораки за жал тешко навредливи по мојот напатен македонски народ.
Со право ме учеше мојот професор по филозофија, цитирам:
“Немој да отфрлаш ништо што ќе чуеш, почекај, сé е можно.
Дури и ако некој ти каже дека ќе се оди пеш на месечина.“
А, сега песничката:
Малечко сум пилче,
Име ми е КОС.
Лете зиме одам
Без опинци бос.
Перје ми е црно
Ме варди од студ
А, кога пеам
Јас не сум лут.
Испеа, малечкото пилче, Марта Кос. Испеа и ни ја отпеа како опело од некој свештеник на покојник.
За жал, голема жал, сега со твојата грда детска песничка духовно упокои цел еден народ и ги запусти детските соништа и на новороденчињата, на забавачињата, учениците, студените, возрасните и старите.
Освен “МАНЏИТЕ“ сé фрли во уште неископан гроб за нас храбрите МАКЕДОНЦИ.
Луда ли си? Знаеш, низ вековите, колку поумни, посилни и поорганизирани царства, кралства, империи, сојузи, алијанси и моќни пактови НЕ им успеало, ти мало пилче – кос ли ќе го направиш? Што си се умислила, небаре си Божји пратеник или ангел во евтин демодиран фустан со печат недостижен за никого, овоземен во раката и ќе ја преземеш улогата на СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ и ќе удриш на мојот благороден МАКЕДОНСКИ НАРОД, геноцидно да го истребиш, оставајќи ги во живот само нашите МАНЏИ.
На невин народ не му треба правдање. Но, ако седнам да ги набројувам, само дел од ВРЕДНОСТИТЕ на мојот НАРОД и тоа само оние подарените на целиот свет, комплетниот литературен опус од сите умни луѓе од сé можен жанр, досега познат, уредно распореден во сите библиотеки на светот нема да ми стигнат, а јас тамам да живеам и милион години, ти КОСЕ МАЛЕЧКО и вечно да живееш нема да ги разбереш.
Нема да ги разбереш затоа што злобата ти е поголема од духот, вредност не признаваш, БОГА не познаваш.
Ти, не знам што си, дали госпоѓа или госпоѓица, можеби и двете заедно, ама знам СИ СРАМ, прво за братскиот СЛОВЕНЕЧКИ НАРОД и брука за позицијата и функцијата што ја претставуваш и ја вршиш.
Ја извршуваш функцијата на таков брутално бизарен начин што цел свет, особено мојот МАКЕДОНСКИ НАРОД не знае претставуваш, и дали?
Европа, храмот на демократијата, со неброени создаден, применети и нови вредности што надоаѓаат или пак, молам да ми простат чесното демократско мнозинство во ЕУ, за кое сум сто од сто сигурен, се срамат и ги наведнуваат главите, криејќи ги погледите пред нас навредените и повредени МАКЕДОНЦИ, слушајќи те тебе, КОСЕ МАЛЕЧКО како се расфрлаш со најцрните фашистички, прво надуени како крап расипан, пораки, а слободно ќе кажам и закани.
Сега, ќе се вратам малу, иако не заслужуваш, ти малечко зло пилче кос, но заради вистината и мојата и севкупната почит од македонските граѓани кон братскиот словенечки народ сакам само да потсетам.
Илјадници мои другари, пријатели, роднини, познати и непознати служеа чесно на границите на Словенија чувајќи го мирниот детски сон, по мојот попрво и твојот од каде потекнуваш како ризичен. Многу од моите познати не се вратија извршувајќи ја должноста, за вашата и нашата заедничка безбедност.
Само тоа е доволно да си ја треснеш твојата празна глава од ѕид и да се освестиш.
Како и мојот МАКЕДОНСКИ НАРОД, така и твојот и мој СЛОВЕНЕЧКИ НАРОД имаат светски дострели за многу други народи кои знаат што се права, па од тука ова што на крај ќе го кажам се однесува лично персонално само за тебе, малечко пилче кос.
Според она што имаш во главата и како се однесуваш, твојот личен идентитет, ќе повторам само твојот, после оваа глупава твоја тирада го поистоветувам со:
К Р А Њ С К А К О Л Б А С И Ц А