
Утре (03.07.2025) во 19:30 часот, ќе се одржи трибина на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица на тема: ,,Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна’’.
На трибината говорници ќе бидат:
– Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата;
– Цветан Трипуновски – претседател на комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ и ресорен министер во Владата;
– Илија Стоилев – претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе и директор на АФПЗРР;
– Ели Панова – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица во Собранието каде што ги застапува интересите на земјоделците;
– Влатко Стојкоски – организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на пазарниот инспекторат.
Трибината може да ја проследите и на јутјуб и фејсбук каналот на ВМРО-ДПМНЕ.