Skip to main content

Таткото на Меган Маркл приведен: Си ја отстранил електронската алка за следење, обвинет за сексуално насилство врз деца

Обвинителството на САД во Лос Анџелес, соопшти дека 82 годишниот татко на војвотката Меган Маркл, Томас Маркл, е повторно приведен без можност за кауција откако ја отстранил електронската алка за следење за време на домашниот притвор.

Според информациите од медиумите, Маркл ја отстранил алката во 1:45 часот по локално време, по што бил уапсен и вратен во притвор.

Тој беше уапсен во петокот и обвинет за сексуално насилство врз деца. Според доказите од ФБИ, истражителите заплениле околу 78 предмети од две складишта во Лос Анџелес кои Маркл ги изнајмувал од 2008 година, меѓу кои фотографски слајдови, филмски негативи и книги со недозволена содржина.

На првото рочиште му беше одобрен домашен притвор со задолжително електронско следење.

„Му ја одредивме казната под услов да се испита неговата ментална состојба, односно дали Маркл е способен да ги следи рочиштата, по што лекарскиот извештај треба да биде доставен до 20 ноември“, се наведува во судската одлука. (МИА)