
На 02 јули 2025 година, од 20:00 до 22:00ч, во Јуроп Хаус Струга во рамките на проектот ПРОСПЕР (Прототип за оджливи резиденции на периферии) ќе се одржи тренинг под наслов „Reviving Communities: The Power of Sustainable Tourism & Culture“ („Оживување на заедниците: Моќта на одржливиот туризам и културата“) под водство на Катерина Василеска; како и ВР перформанс под наслов „Ехо од длабочината“, во режија на Нина Николиќ и Борјан Стојков.Тренингот ќе се одвива на англиски јазик и ќе понуди едукативна и интерактивна содржина фокусирана на улогата на одржливиот туризам и културните иницијативи во развојот на локалните заедници. Програмата вклучува примери како што се: уметнички резиденции, културни колонии и фестивали, кои претставуваат иновативни алатки за јакнење на заедниците и поттикнување на креативна и одговорна туристичка понуда.По тренингот следува Отворена дискусија, инспирирана од темите на сесијата, со фокус на образование, развој на вештини и иновации во областа на одржливиот и алтернативниот туризам. Дискусијата ќе се одвива во хибриден формат со цел размена на искуства и идеи.Во продолжение, посетителите ќе имаат можност да го погледнат имерзивниот ВР перформанс „Ехо од длабочината“ кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува тоа.