
Вчера во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш.
Taa на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта.
Т.К. е задржана во Полициската станица Радовиш, а по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.