
Вчера во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.В.(18) од с. Добрејци, струмичко.
При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Ф.В. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.