
Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на партијата, Илија Николовски, ова е по желба на членството, односно околу 90% од истотот се изјаснило дека сакаат да бидат во коалиција со Власта.
Ние како партија на пензионери бевме до сега во коалиција со СДСМ. Имаме извршен одбор, имаме централен одбор расправавме на таа тема и од 100 луѓе, неколку се изјаснија дека треба да бидеме самостојни, ниту еден не се изјасни дека треба да останеме со СДСМ, а 90% се изјаснија дека се за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е да одиме со актуелната власт“, вели Николовски.
За престојните Локални избори Партијата на пензионери ќе имаат свои листи за советници, во Штип, Делчево, Пехчево, а во Општина Карбиници ќе имаат и свој кандидат за градоначалник. На ниво на државата ќе бараат министерски места и директорски фотелји.
Ние имаме кандидати, ќе предложиме во Штип да имаме советник, во Карбинци имаме и кандидат за градоначалник, ќе бараме во Делчево, во Пехчево“, вели Николовски.
Како што посочи Николовски, очекуваат поголема вклученост на членови во партијата со цел да се изнесат барањата на пензионерите, како и повеќе советнички места во општините.