Skip to main content

20 години Македонско културно лето во Пустец: Прослава на традицијата, јазикот и културната припадност

Од 1 до 5 јули, живописниот Пустец во Република Албанија ќе биде домаќин на јубилејното издание на „Македонско културно лето“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, по повод 20-годишнината од своето постоење.

Фестивалот, кој претставува симбол на културната виталност и самобитност на Македонците во Албанија, нуди богата програма со театарски претстави, концерти, изложби и активности за најмладите. Настаните ќе се одвиваат на неколку локации, вклучувајќи го плоштадот „Гоце Делчев“ и Музејот на Стерјо Спасе во Глобочани.

Фестивалот ќе биде отворен на 1 јули во 19 часот, по што ќе следи претставата „Снежана и седумте џуџиња“ на НУ Театар Битола, а вечерта ќе заврши со концертот „Мала Преспа – Голема Песна“ на Драган Даутовски и ансамблот „Илинден“.

Во следните денови ќе се прикажат претстави како „Вечера за глупаци“ на НУ Театар „Ј.Х.К. Џинот“, изложби на фотографии од Охрид и Преспа, како и детската претстава „Рибарот и златната рипка“ според Пушкин.

Свченото затворање е предвидено за 5 јули во 14 часот со настап на ансамблот „Преспа“ на сцената во „Остров Мал Град“.

Настанот се одржува со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија.

Поврзани вести