Skip to main content

Филипче на конгрес на германската Социјалдемократска партија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска ќе присуствува на конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), кој под слоганот „Промената почнува со нас“ се одржува во Берлин.

Како што информира СДСМ, во рамки на конгресот, Филипче ќе има средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и копретседател на СПД, а ќе оставари билатерални средби и со европски политичари и функционери.

На конгресот, на кој, меѓу другото, ќе се избира и новото раководство на СПД, ќе присуствуваат истакнати актуелни германски политичари и функционери, како и претседатели на социјалдемократски партии од Европа. Поканата за присуство на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на овој конгрес е израз на заедничката заложба за европска иднина, социјална правда и регионална соработка, засновани на вредностите на социјалдемократијата – еднаквост, солидарност и демократија, велат од СДСМ. 

Поврзани вести