Skip to main content

Браво за нашиот Калин: Со пресврт до четвртфинале на турнирот во Загреб

Фото: Тениска федерација

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Загреб, откако денеска во второто коло го совлада вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија со 2-1 во сетови (2-6, 6-1, 6-2).

Дуелот траеше два часа и осум минути игра.

Ивановски успеа да направи пресврт во дуелот и со тоа се избори за утрешното четвртфинале во кое ќе игра против домашниот тенисер Вито Тонејц.

Македонскиот тенисер го загуби првиот сет со 6-2, но заигра многу поквалитетно во продолжението и во преостанатите два сета му препушти на противникот само три гема

Поврзани вести