Skip to main content

Намирници што можат да доведат до срцев удар на +35 степени: Го качуваат притисокот и го дехидрираат организмот

Freepik

Одбегнувајте премногу сол, шеќери, масти и алкохол, бидејќи сето тоа дополнително го оптоварува срцето, го качува притисокот и може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларен инцидент

Во текот на летните месеци, високите температури можат дополнително да ги оптоварат срцето и крвните садови, особено кај луѓе кои веќе имаат проблеми со притисокот или кардиоваскуларниот систем. Токму затоа, важно е да обрнете внимание на исхраната – некои намирници може да придонесат за задржување течности, качување на крвниот притисок, па дури и за зголемен ризик од срцев удар. Еве која храна би требало да ја одбегнувате во текот на летото или да ја внесувате во мали количини…

Премногу солена храна
Солта (натриумот) ја задржува течноста во организмот и го покачува крвниот притисок. Во лето тоа може да биде особено опасно, бидејќи телото веќе губи електролити преку потта, а дополнителното оптоварување на срцето може да предизвика проблеми.

Одбегнувајте:
Сувомеснати производи (колбаси, пршута, сланина)
Солени сирења (фета, кашкавал, трапист)
Индустриски супи и инстант-оброци
Чипсови, переци и слични грицки
Масна и пржена храна
Храната богата со заситени масти го покачува нивото на лошиот холестерол и придонесува за затнување на крвните садови, што во комбинација со жештините може да предизвика сериозни срцеви проблеми.

Одбегнувајте:
Пржени компири, пилешко, уштипци
Брза храна (хамбургери, бурек, пици со масно сирење)
Храна приготвена во длабоко масло
Рафинирани шеќери и слатки
Во лето на организмот му треба лесна и освежителна храна, додека слатките дополнително го оптоваруваат панкреасот и можат да предизвикаат нагли скокови на шеќерот и притисокот.

Одбегнувајте:
Колачи со крем, крофни, торти
Газирани сокови и енергетски пијалаци
Сладоледи со многу шеќер и вештачки додатоци
Црвено месо во големи количини
Црвеното месо е тешко за варење и богато е со заситени масти. Во лето, кога организмот потешко ја регулира температурата, оваа храна може дополнително да го исцрпи телото.

Ограничете ја количината на:
Свинско, јагнешко, јунешко (особено похувано или масни делови)
Алкохол
Многумина посегнуваат по алкохол како освежување во летните вечери, но тој, всушност, го дехидрира организмот, ги шири крвните садови и може да предизвика осцилации на притисокот.

Бидете внимателни со пивото, виното, коктелите – особено на сонце или ако не пиете доволно вода.

Наместо тоа одбирајте:
Сезонско овошје (лубеница, диња, праска)
Зеленчук (краставица, домати, пиперка)
Интегрални житарки, варени житарки
Јаткасти плодови, умерено
Доволно вода и природни сокови без додаден шеќер


Извор: Убавина и здравје