
Заокружете го 3 август – вечерта кога во магичниот амбиент на охридскиот Антички театар, под ѕвезденото небо Сергеј Ќетковиќ во придружба на Битолскиот камерен оркестар, ќе ги отпее своите најголеми хитови.
Црногорскиот романтичар ветува незаборавна дружба, за што по двата фантастични скопски концерти и нема сомнеж, но и потсетување на вечните хитови како „Љубав“, „Погледи у таму“, „Пола мога свијета“, „Нису ми дали да те волим“ и „Прстен на сто“...
Овој концерт не е само музичко случување, тој е и остварување на една голема желба на Сергеј, кој, вели, дека секогаш со задоволство се враќа во Охрид и одамна посакувал да запее среде еден од најубавите локалитети во градот под Самоиловите тврдини, да ја почувствува магијата на Античкиот театар и преку музиката да ја однесе публиката на незаборавно патување низ најдлабоките чувства и приказни за љубовта.
„Музиката е гласот на нашите најдлабоки чувства“, вели Сергеј, а токму таа ќе нè води низ ова волшебно патување полно со емоции.