
Многу од намирниците кои секојдневно ги консумираме вклучувајќи ги и оние кои често се рекламираат како здрави, всушност можат да го забават метаболизмот и долгорочно да придонесат во дебелеењето.
Експертите предупредуваат дека меѓу нив се наоѓа високо преработена храна и производи со дополнителни шеќери.
Некои од тие производи можат да предизвикаат инсулинска резистенција и да пречат во нормалните процеси на метаболизмот, објаснува нутриционистката Лиса Ричардс.
Клучно е да препознаете кои намирници го саботираат метаболизмот и да ги замените со здрави варијанти.
Овошен јогурт
Иако делува практично и вкусно, овошниот јогурт често содржи голема количина дополнителни шеќери и вештачки ароми кои можат да го забават метаболизмот.
Некои овошни јогурти содржат толку многу шеќер што можат да придонесат во дебелеењето и други здравствени проблеми, предупредува Ричардс. Наместо тоа, таа препорачува обичен, незасладен јогурт со свежо овошје или лажичка мед.
Бел леб
Белиот леб направен од рафинирано брашно, има висок гликемиски индекс и може да предизвика нагли скокови на шеќерот во крвта.
Диететичарката и нутриционистка Крутика Нанавати, објаснува:
Рафинираниот леб ги поттикнува собраните маснотии околу стомакот и е посиромашен со растителни влакна и хранливи материи.
Мафини
Иако често се претставува како неодолив појадок, поголем дел од купените мафини всушност се полни со рафинирани шеќери, преработени масло и нездрави масти.
Може да ги нарекувате мафини, но моето тело ги препознава како колачи. Некои од мафините имаат повеќе од 350 калории, што ги прави ризични за таложење на масно ткиво, особено на стомакот, истакнува нутриционистката Лиса Андрес.
Месни преработени производи
Колбасите, сланината и сувомеснатите производи често се консумираат поради практичноста и вкусот, но можат негативно да влијаат на метаболизмот поради високата количина заситени масти и соли.
Намирниците како виршлите, колбасите и сувомеснати содржат многу нутриенти и нитрати, што може да предизвика задржување на вода и зголемен крвен притисок и да го забави метаболизмот, предупредила д-р Келвин Фернандез.
За поддршка на метаболизмот се препорачува намалување на внес на такви производи и бирање на немасни извори на протеини, како пилешко, мисиркино месо и риба.
Заклучок
Иако многу од овие намирници можат да изгледаат како здрави, експертите советуваат внимателно да ги читаме декларациите и да бираме природни и помалку преработени опции кои го поддржуваат здравиот метаболизам.