
Работилницата „Материјални експерименти во Грејсленд“ предводена од уметниците Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома, во куратоство на Лидија Хацијакову ќе се одржи во четврток, на 26 јуни, од 16:00 до 18:00 часот во Музеј на современа уметност во Скопјe.
Работилницата ќе се одржи на англиски јазик.
Линк за пријава: https://forms.gle/w2N8dRnf5dnsdJg56
Оваа работилница е дел од изложбата „Парадоксот на Грејсленд: Навигирање нa неизвесноста“, во организација на Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура, која ги продлабочува нејзините основни теми преку практична работа со одржливи материјали и уметничка експериментација.
Под водство на уметниците кои изложуваат, работилницата ги поканува учесниците да ги истражат процесите што стојат зад делата и да размислат за материјалноста, трансформацијата и можните алтернативни иднини.
Во срцето на изложбата „Парадоксот на Грејсленд: навигирање на неизвесноста“ се кријат истражувањето и експериментите на уметниците со одржливи техники и материјали, вклучувајќи биопластика, производство на хартија, раст на кристали, одгледување на растенија, ризоматски системи и регенеративно земјоделство.
Овие истражувања – концептуални колку и материјални – се дел од самата изложба: означената „Лабораторија“ ги поканува посетителите да истражуваат примероци и фрагменти во средината на трансформацијата, следејќи ја нивната еволуција од суровина до ефемерни уметнички медиуми.
За време на работилницата, учесниците ќе бидат запознаени со овие практики и ќе бидат поканети да се вклучат во идеите, методите и техниките што произлегуваат од размислувањето во и надвор од материјалниот свет.
Изложбата составена од колаборативни дела на Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома првпат беше претставена во 2023 година под наслов „Грејсленд: триумфот на неизвесниот пат“, во рамките на 8-то Солунско биенале на современа уметност, организирано од MOMus – Метрополитенска организација на музеи на визуелни уметности на Солун.
Во Скопје, изложбата ќе го вклучи и делото на гостин уметникот Билал Јилмаз, во рамките на фестивалот КРИК од Контрапункт со поддршка на MOMus – Експерименталниот центар за уметност од Солун, Министерствотото за Култура и Туризам, како и Грчката Амбасада во Скопје.