
Започна сезоната на Раковите, знакот чии припадници не го следат ритамот на надворешниот свет, туку на нивните срца. Тие не трчаат по светлата од рефлекторите, но ја рефлектираат таа светлина – преку поглед полн со разбирање, преку топол збор кога е најпотребен, преку дом кој секогаш мириса на сигурност. И токму за нив, овие тивки херои од секојдневниот живот, ѕвездите сега подготвуваат месец полн со интензивни чувства, важни откритија и лични пресврти.
Сезоната на родендени за Раковите носи длабоко преиспитување на сè што досега земале здраво за готово. Прашањето „каде следно?“ нема да се чуе гласно, но ќе одекнува во вашиот ум – особено во моментите на осаменост. Не грижете се, универзумот не ве турка бесцелно. Сега е совршено време да донесете нова одлука, не мора голема, туку искрена. Промена на работното место? Редекорирање на вашиот дом? Враќање на хоби што сте го сакале како дете? Сè е можно.
Во љубовта ве очекува многу нежност, но и преиспитување. Раковите не се тешки за сакање, но понекогаш им е тешко да им објаснат на другите како сакаат да бидат сакани. Иако можеби нема да има некоја голема драма, но овој месец би можел да биде клучен за дефинирање на врските. Отворениот разговор носи чуда, а ѕвездите ќе ви ја дадат храброста што ви е потребна.
Во областа на здравјето, закрепнувањето е клучниот збор. Без разлика дали се чувствувате силни или исцрпени, важно е да ги наполните батериите. Ден на плажа, прошетка покрај вода, викенд без телефон, малите нешта ќе направат чуда за вашата емоционална рамнотежа. Вашето тело и ум бараат нежност оваа сезона, а не строги режими.
Сезоната на Ракови е кратка, но остава траен белег. Искористете ја за она што ви е најважно – поврзаност, вистина, безбедност и емоции што не треба да се кријат. Нека вашиот месец на роденден ви го донесе она што вашето срце го шепоти долго време.