Skip to main content

Најубавите имиња за децата родени во лето

Freepik

Летото е сезона која најмногу ја поврзуваме со море, сонце, мирисни цветови. Ова се неколку предлози за имиња за бебињата родени во лето

Леа и Лео

Ова се имиња кои симболизираат храброст и сила, а најдобро ќе им прилегаат на децата родени во хороскопскиот знак Лав.

Александра и Александар

Иако ова се доста популарни имиња во Македонија, причината зошто се летни е затоа што скапоцениот камен посветен на месецот јуни е александритот.

Јасмина и Јасмин

По белиот летен цвет, кој го има еден од најубавите мириси во светот

Марина и Марин(о)

Иако во буквален превод марина е пристаниште, овие две имиња означуваат „морска“, односно „морски“.

Август

Името на последниот летен месец кое доаѓа од Аугустус, што значи длабоко ценет, величествен, возвишен…

Кира

Ова убаво има потекло од персискиот и египетски назив за Сонце.

Лука

Од латинскиот збор „lux“ што значи светлост, но исто така и според хрватскиот назив за пристаниште.

Далија

По преубавиот цвет кој најмногу цвета во лето. На хебрејски името значи нежна, витка гранка.

Поврзани вести