
Вчера во 17.35 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Питарница“ во Гостивар, електричен тротинет, управуван од малолетник од Гостивар, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со словенечки национални ознаки, паркирано од Ф.Г.(28) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар, соопштија од СВР Тетово.