Skip to main content

Грчкиот филм „Ривиера“ ќе го отвори овогодинешното издание на Неделата на Франкофонскиот филм

Амбасадата на Грција во Скопје го отвора овогодинешното издание на Неделата на Франкофонски филм со проекција на филмот „Ривиера“, грчко-француска копродукција од 2024 година, која претставува горчливо-слатка приказна за процесот на созревање , емоционалната конфузија што ја вклучува и силата да се продолжи напред.

Проекцијата ќе се одржи во понеделник, 23 јуни 2025 година, во 20:00 часот, во Кинотеката на Cеверна Македонија (ул. Никола Русински бр. 1, Скопје). Филмот е во режија на Орфеас Переѕис, а продуценти се Константинос Василарос и Александар Гаврас.

„Ривиера“ ја освои наградата од жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI), наградата FOS за најдобра изведба, наградата ERT (грчка радиодифузна корпорација) како и наградата за најдобра актерска изведба „Орфеј“ на грчкиот филмски фестивал во Лос Анџелес во 2025 година.

Влезот за проекцијата на „Ривиера“ е бесплатен.

Овогодинешната  Недела на Франкофонски филм  ќе се одржи во Кинотека од 23 до 30 јуни 2025 година со богата филмска програма.

Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Скопје, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Cеверна Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада.

Поврзани вести