Skip to main content

Шкендија против ФЦСБ или Интер Ескаладес доколку го мине воведното квалификациско коло во ЛШ

Фото: Freepik

Во седиштето на УЕФА во Нион попладнево беше извлечеа жрепката за 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ).

Доколку успеат да ја минат првата пречка и да го елиминираат велшки ТНС, фудбалерите на македонскиот првак Шкендија во втората рунда ќе играат против поуспешниот од пресметка меѓу романски ФЦСБ, поранешна Стеауа и Интер Ескаладес од Андора.

Во случај на пласман во 2. квалификациско коло, Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар.

Првите натпревари од 2. квалификациско коло ќе се играат на 22 и 23 јули, а реваншите на 29 и 30 јули. 

Поврзани вести