Skip to main content

Викендов почнува „Скопско лето“: На 21 јуни два исклучителни културни настани што го навестуваат богатството на целосната фестивалска програма

Дирекцијата за култура и уметност со гордост ве покануваат на свеченото отворање на фестивалот „Скопско лето 2025“, кое ќе се одржи во сабота, 21 јуни, со два исклучителни културни настани што го навестуваат богатството на целосната фестивалска програма, велат оттаму.

Во 19:00 часот, во Музејот на град Скопје, ќе биде отворена изложбата „Зона Фобија“ на уметникот Томе Аџиевски, која со моќен визуелен јазик ја отвора уметничката програма на фестивалот.

Во 20:30 часот, во Големата сала на Филхармонија, ќе следи гала концерт со Академскиот симфониски оркестар при Националната академија за музичка уметност „Панчо Владигеров“ од Софија, заедно со солисти и диригенти од Факултетот за музичка уметност – Скопје и Националната академија – Софија. Настан кој ја симболизира регионалната соработка, младешката енергија и универзалниот јазик на музиката.

„Скопско лето 2025“ ќе понуди повеќе од 35 настани во текот на 40 дена – концерти, театарски претстави, изложби, литературни вечери и танцови перформанси, на различни културни сцени низ градот.

Ве очекуваме да го прославиме почетокот на едно незаборавно културно лето во Скопје!

21 јуни

19:00 часот | Музеј на град Скопје

и 20:30 часот | Филхармонија

Поврзани вести