Skip to main content

Места во Грција каде најчесто обиваат автомобили и како да знаете дали вашето возило е „означено за кражба“

Српската агенција „Никана“ ги споделува местата во Грција каде што најчесто автомобилите со странски таблици се мета на крадци, како и совети што може колку-толку да направите за да спречите обивање на вашиот автомобил.

Обично, местата каде најчесто се случуваат кражбите се маркетите и продавниците маллку надвор од Солун, на пат кон Халкидики. Иако овие паркинзи најчесто се оградени и обележани, не е можно да се контролираат толкав број автомобили. Целта на разбојниците се оние автомобили што се надвор од големиот проток на луѓе, каде што куферите и работите се „на дофат“, односно видливи и лесно достапни. Тие обично само го кршат стаклото и извлекуваат сè што можат да дофатат што е можно побрзо (куфери, ранци, даски за сурфање…) – пишува „Никана“.

Мерки за заштита од кражба од автомобили на паркингот на големите супермаркети

За да не доживеете непријатна ситуација, постојат неколку совети што ќе помогнат да се спречат потенцијални провали и кражби на и од автомобили во Грција:

  • Доколку е можно, дозволете еден од возрасните (никогаш деца) да остане во автомобилот за време на пазарувањето;
  • Вредни предмети, куфери, чанти, ранци, лаптопи, таблети, не треба да се оставаат видливи на седиштата. Ако е видливо и „на изволте“, крадците ќе претпочитаат да провалат баш кај вас бидејќи тоа е лесна цел за нив. Советот е доколку немате место да ги оставите во багажникот, или да ги да ги покриете овие работи со алишта, или да ги ставите на подот од автомобилот и повторно да ги покриете со гардероба;
  • Дури и очилата не треба да се оставаат зад себе. Кражбата на очила за сонце од познати марки е многу честа појава, а крадците не знаат дали се скапи или не;
  • Проверете дали вашиот аларм работи, односно дали е активиран;
  • Интересен совет од грчките портали е дека мерка за заштита може да биде и бебешки аларм што треба да се остави вклучен и активиран. На тој начин, можете да слушнете ако крадците ви го скршат стаклото. Така може веднаш да почнете да им викате на крадците, што можеби ќе ги испаничи и ќе се откажат од кражбата и ќе поминете само со скршено стакло.

Како да знаете дали вашиот автомобил е „означен за кражба“

Пред бандата да се обиде да го украде автомобилот, нејзините членови веќе спровеле детална истрага, објаснува сајтот.

Крадењето автомобили и работи од нив понекогаш не е осамен чин, туку дело на организирана група крадци. Едниот е задолжен за изборот. Како случаен минувач, тој внимателно ги „мери“ автомобилите и ја означува потенцијалната цел за да можат останатите од тимот да го направат својот дел.

Ако забележите некои од следниве предмети на вашиот автомобил, тоа може да биде знак дека вашиот автомобил е означен како „добар плен“:

  • хартија на рачката на вашиот автомобил
  • шише вода покрај тркалото
  • паричка на рачката или хаубата
  • или нешто што е невообичаено, а не сте го оставиле врз автомобилот

Според грчките портали, ако забележиме ваков знак на автомобилот, треба веднаш да го пријавиме во полиција.

Она што можете да го направите е:

  • да го оставите вашиот автомобил на чуван паркинг;
  • ако има место да паркирате во дворот на сместувачкиот капацитет;
  • ако имате камера, оставете ја вклучена;
  • проверете дали вашиот аларм, ако имате, е активиран;
  • И на крај, најважно е да не оставате ништо вредно во автомобилот!

Поврзани вести