
Вчеравечер во 23.41 часот во Штип и во 19.54 часот во Берово, полициски службеници од СВР Штип и од ОВР Берово ги лишиле од слобода Х.П.(32) од Штип и В.П.(39) од Пехчево.
Околу 23.00 на ул.„Маршал Тито“ во Штип, Х.П. со патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од В.Н.(63) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека Х.П. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,16 промили алкохол во крвта.
Во 19.54 часот, при сообраќајна контрола на ул„Страшо Пинџур“ во Берово, полициски службеници сопреле мопед со пехчевски регистарски ознаки, кое го управувал В.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,18 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.