Skip to main content

Бугари оставиле бебето да плаче на балкон додека тие спиеле во спалната соба

Двојка бугарски државјани е уапсена во Солун откако оставиле 11-месечно бебе да плаче на балконот, а тие легнале да спијат, јави телевизијата „Скај“.

Според полициските информации, вчера, при патрола рано наутро полицијата слушнала плачење на бебе од балкон на еден стан. Бебето било оставено во количка на балконот, додека родителите со другите три деца спиеле внатре, со затворена балконска врата.

Против 36-годишниот маж и 35-годишната жена, државјани на Бугарија, е поведена постапка за загрозување на животот и безбедноста на дете. Известени се и социјалните служби кои ќе направат проценка на животните услови за сите деца.

Родителите изјавиле дека го оставиле бебето на балконот за да се разлади

Поврзани вести