Skip to main content

Разговор со режисерот и тимот на претставата „Ангели во Америка” во Europe House Скопје

Europe House Скопје, Пресврт и Заедно посилни ве канат на отворен разговор со режисерот и тимот на претставата „Ангели во Америка”— моќна и емотивна американска драма, добитник на Пулицерова награда, која зборува за љубовта, стравот, загубата и издржливоста за време на ХИВ епидемијата и општествените промени во Америка во 1980-тите години. Претставата ќе ја има својата премиерна изведба во септември 2025 година во Македонскиот народен театар.

Преку разговор помеѓу режисерот Филип Петковски и Андреј Сених и Атанас Аврамов од „Заедно Посилни“, ќе се отвори дијалог за реалноста на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија и улогата на уметноста во менување на општествените ставови. На настанот ќе дискутираме за тоа како театарот може да функционира како медиум кој се залага за нормализација на различностите, разбивање на стигмата поврзана со ХИВ, развивање на емпатија и репрезентација на квир идентитети.

Настанот ќе се одржи на 17 јуни во Europe House Скопје со почеток во 18 часот. Влезот е слободен.

“Ангели во Америка” е ко-продукциски проект на Македонскиот народен театар и Пресврт, во соработка со Europe House, Заедно Посилни и German Embassy Skopje.

Поврзани вести