Skip to main content

Матео Бочели танцуваше и пееше заедно со публиката во Филхармонија

Матео Бочели во рамките на својата сосема нова европска турнеја за 2025 година, насловена Summer Nights (Летни ноќи), синоќа во Македонската филхармонија одржа ексклузивен концерт.

Публиката танцуваше, пееше, уживаше во изведбите на Бочели, кој со неговиот импресивен талент и распродадени турнеи го трасира новиот пат во уникатниот стил.

Матео зад себе има настапи на дел од најголемите светски сцени, и иако прв пат доаѓа во Македонија, неколку пати и се заблагодари на публиката за поддршката и големата посетеност, а за да биде поблиску до неа неколку пати слезе од бината и пееше и танцуваше заедно со нив.

Поврзани вести