Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Коле Неделковски“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат дел од нејзините корисници и оние од „Стефан Јакимов – Дедов“, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според најавата, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување со работните активности.